ЕУРО РОАД  дизајн груп Доо Скопје, Р. Македонија е компанија со меѓународно искуство на полето на консултантски услуги при изградба и проектирање на патишта, инженерски објекти од нискоградба, како и останати градежни објекти. Компанијата е составена од два сектори и тоа: Сектори за проектирање и надзор и Сектор лабораторија.

Нашиот инженерски кадар со висок степен на домашно и меѓународно искуство, учествува во изработка, проектирање и ревизија на техничка документација за патишта, автопатишта, аеродроми,  паркинзи, пропратни објекти кај патиштата (наплатни станици, царински терминали и слично), сообраќајни решенија, подготовка на тендерска документација и надзор на градби.

ЕУРО РОАД  дизајн груп Доо Скопје, официјално егзистира и е основана на 16-ти август 2011 година со законски акт во Основен Суд Скопје – Р.Македонија како Комапанија за Консалтинг, Инженеринг и Проектирање со официјален регистарски број 30120120025036, заведена во централниот регистар на Р.Македонија.

Следејќи ги модерните технологии во доменот на имплементација и практично спроведување на проектниот менаџмент, како и црпејки долгогодишни практични искуства во водечки консултантски компании во светот, ние ја градиме нашата компанија која се базира на знаењата на нашите експерти кои работат и применуваат интернационални стандарди.

Организациона шема

Во име на компанијата, Ве повикувам да го истражите нашиот сајт

СО ПОЧИТ,

Управител: г-дин Слаѓан Стојановски